Украинската контраофанзива постојано напредува, тврди американскиот министер за одбрана

Сподели со своите пријатели

Украинската контраофанзива против руските војници, која започна во јуни, „редовно напредува“, изјави денеска американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на почетокот на состанокот на украинските сојузници во американската воена база Рамштајн во Германија.

Loading...

Остин најави и дека американските тенкови Абрамс ветени на почетокот на оваа година „наскоро ќе влезат во Украина“.

Тие тенкови ќе користат муниција од 120 милиметри со осиромашен ураниум што ќе го обезбедат САД, се вели во соопштението од Вашингтон во септември.

Муницијата може да навлезе во оклопни возила, но е контроверзна поради загадувањето и ефектите врз војниците и населението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Одлуката на Бајден само ја ескалираше војната што Трамп ќе ја наследи

Меѓународниот состанок на министрите за одбрана на Контакт групата за одбрана на Украина во американската база Рамштајн на југот на Германија обединува педесетина земји со цел да ја координираат воената помош против руската инвазија, пренесува Бета-Франс прес.

Тоа е прва средба на која на почетокот на месецот беше назначен новиот украински министер за одбрана Рустем Умеров.

Неговиот претходник Олексеј Резников, едно од лицата на украинскиот отпор, мораше да ја напушти функцијата по серијата корупциски скандали во Министерството за одбрана.

„Рустем, брзам да соработувам тесно со вас и вашиот тим и знам дека тоа е мислењето на сите овде“, рече Остин отворајќи го состанокот.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ројтерс: Бајден ја укинува забраната за Украина да користи американско оружје за напад во Русија

Тој пред средбата изјави дека е можност да се слушне од министерот Умеров која е неговата визија и приоритети.

Од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, западните земји доставуваа различни видови оружје на Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.