Денес завршува обврската за поседување зимска опрема во возилата

Сподели со своите пријатели

Од денеска граѓаните на Република Македонија нема да имаат потреба да носат зимска опрема во своите возила, бидејќи според законските одредби задолжителниот рок трае до 15-ти март.

Оваа одлука секоја година започнува да важи од 15-ти ноември, а истата треба да овозможи подобрување на безбедноста во сообраќајот во текот на зимскиот период, од зимски гуми со прописна длабочина на шарите, до ланци при силни врнежи од снег по коловозот.