Харис: Средбата меѓу Ким Џонг Ун и Путин би била огромна грешка

Сподели со своите пријатели

Американскиот потпретседател Камала Харис изјави дека потенцијалната средба меѓу севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и рускиот претседател Владимир Путин би била „огромна грешка“.

Loading...

„Мислам дека тоа би било огромна грешка. Кога ќе ја погледнете неиспровоцираната војна на Русија против Украина и идејата дека тие ќе ѝ дадат муниција на Русија, може да се предвиди каде ќе заврши“, изјави Харис за Си-Би-Ес.

Таа додаде дека цврсто верува дека тоа дополнително ќе ги изолира и Русија и Северна Кореја.

Како што истакна таа, САД се апсолутно јасни и одлучни во однос на целосната денуклеаризација на Северна Кореја.

„Но, кога размислуваме за руската агресија во Украина… Тоа е апсолутно прекршување на еден од најважните договори што ги имаме ширум светот во однос на меѓународните правила и норми, што е важноста на суверенитетот и територијалниот интегритет“, рече Харис.

Таа оцени дека средбата е „чин на очај“ за Русија и огромна грешка на Северна Кореја.

Американски официјален претставник минатата недела изјави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун планира да ја посети Русија овој месец за да се сретне со Путин.

Тој не прецизираше точно каде и кога ќе се одржи средбата, но истакна дека тоа би можело да биде пристанишниот град Владивосток во Тихиот Океан, веројатно поради неговата релативна близина со Северна Кореја.

Loading...

Состанокот ќе ја одбележи првата средба на Ким со странски лидер откако Северна Кореја ги затвори своите граници во јануари 2020 година.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.