Денеска средба Путин – Ердоган во Сочи

Сподели со своите пријатели

Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган денеска ќе се сретнат во Сочи, а освен билатералните прашања, главна тема на разговор ќе биде и договорот за извоз на жито од пристаништата на Црното Море, пренесува Танјуг.

Loading...

Во последниве недели, Анкара ги интензивираше своите напори за обновување на коридорот за жито за да помогне во олеснувањето на глобалната криза со храна.

„Ние играме водечка улога овде. Гледаме силна поддршка од целиот свет за реализација на житниот коридор“, изјави советникот за надворешна политика на Ердоган, Акиф Чагатај Килич.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бела куќа: Речиси 3.000 севернокорејски војници се обучуваат во Русија

Како што рече, Анкара ги признала техничките компликации околу договорот, особено во однос на руското жито и механизмите за плаќање, пренесува Ројтерс.

Ситуацијата влијае на целиот свет

„Ние сме резервирани, но се надеваме дека ќе постигнеме успех бидејќи оваа ситуација го погодува целиот свет“, рече Килиќ.

Русија и Украина се главните извозници на жито.

Путин во телефонскиот разговор на 2 август му рекол на Ердоган дека Москва е подготвена да се врати на Црноморскиот договор за жито штом Западот ги исполни своите обврски во однос на рускиот извоз на жито.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...