Во текот на претходниот ден руските сили се обиделе да нападнат во три правци – во правец на Лиман, Бахмут и Маринка, но украинските сили ги одбиле тие напади, соопшти утрово Генералштабот на вооружените сили на Украина.
Руските сили продолжија со гранатирање и воздушни напади и во други правци, пренесува Униан.
Се наведува дека биле извршени воздушни и артилериски напади во правец на Северск, Купјанск, Авдејевка и Запорожје.
Во исто време, украинските одбранбени сили продолжуваат со изведување на офанзивна операција во правецот Мелитопол и консолидирање на окупираните позиции, се наведува во извештајот на Генералштабот на вооружените сили на Украина.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.