Северна Кореја ја известила јапонската крајбрежна стража за намерата да лансира сателит меѓу 24 и 31 август, објавија јапонските медиуми.
Се верува дека тоа е обновениот обид на Северна Кореја да лансира воен извидувачки сателит откако таквиот обид во мај заврши неуспешно, објави Кјодо.
Северна Кореја го лансираше својот прв воен извидувачки сателит на 31 мај, но ракетата падна во Жолтото Море, објавија тогаш севернокорејските државни медиуми.
Јужнокорејската разузнавачка агенција им соопшти на пратениците минатата недела дека Пјонгјанг би можел да лансира извидувачки сателит кон крајот на август или почетокот на септември пред 75-годишнината од формирањето на земјата на 9 септември, објави Јонхап.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.