Северна Кореја: Граѓаните да ги заштитат портретите на Ким за време на тропска бура

Сподели со своите пријатели

На граѓаните на Северна Кореја им било кажано да направат се што е можно за да ги заштитат портретите на династијата Ким за време на предвидената тропска бура Канун, пренесува Танјуг.

Loading...

Според прогнозите, денеска се очекува тропска бура да ја погоди земјата, пренесува The Guardian.

Официјалниот весник на владејачката Работничка партија на Кореја, Родонг Синмун, рече дека фокусот на народот треба да биде да се зачуваат портретите на лидерот Ким Џонг-ун, неговиот татко Ким Џонг-ил и неговиот дедо, основачот на Северна Кореја, Ким- ил-сунг.

Весникот, исто така, ги повика граѓаните да ги зачуваат големиот број статуи, мозаици, мурали и други споменици посветени на династијата Ким, која владее со Северна Кореја од нејзиното основање во 1948 година.

Севернокорејската државна новинска агенција КЦНА објави дека „сите сектори и единици“ во земјата спроведуваат кампања за справување со, како што ја опиша, „катастрофална, абнормална клима“.

Строги правила

Природните катастрофи можат да имаат разурнувачки ефект врз сиромашниот север, каде лошата инфраструктура и уништувањето на шумите ја зголемија неговата ранливост од поплави.

Тропската бура веќе предизвика поплави и лизгање на земјиштето во Јужна Кореја, при што е пријавен еден смртен случај, а повеќе од 16.000 луѓе беа принудени да ги евакуираат своите домови во погодените области.

Пристигнувањето на Канун доаѓа само неколку недели откако обилните дождови предизвикаа поројни поплави и лизгање на земјиштето во кои загинаа најмалку 47 луѓе во Јужна Кореја.

Loading...

Наредбата да се заштитат сликите на Ким беше потсетник на важноста што режимот ја дава на симболиката за да ја зајакне својата легитимност.

Портретите на Ким Џонг-ил и Ким Ил-сунг го красат секој дом и канцеларија во земјата, а луѓето можат да се соочат со егзекуција ако ги оштетат, дури и случајно, според NK News.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.