Трамп годинава на судења потроши 40 милиони долари

Сподели со своите пријатели

Американскиот весник „Вашингтон пост“ објави дека поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, се очекува денеска да го извести својот комитет за политичка акција (PAC) дека потрошил околу 40 милиони долари во првата половина од годината за трошоците за правна постапка против него и неговите советници.

Loading...

Њујорк тајмс одделно објави дека PAC бара отплата на 60 милиони долари што ги позајми на друга организација што го поддржува Трамп, главниот републикански претседателски кандидат за изборите во 2024 година, пренесува Ројтерс.

Цитирајќи инсајдери запознаени со ситуацијата, Вашингтон пост објави дека правните такси на PAC ги поттикнале обвинителите да ја преиспитаат можноста за потенцијален конфликт на интереси меѓу Трамп и сведоците во постапката против него.

Се очекува PAC на Трамп во денешното поднесување да открие како се потрошени 40,2 милиони долари за правни такси, објави Вашингтон пост, цитирајќи луѓе кои се согласиле да зборуваат под услов да останат анонимни.

Трамп се соочува со десетици федерални обвиненија во Флорида за чување доверливи владини документи во неговиот дом, но и обвиненија во Њујорк, по истрагата за тајното плаќање и поткуп на порно ѕвездата Сторми Даниелс, пренесува Танјуг.