Трамп: Ќе ја продолжам кампањата дури и да бидам осуден

Сподели со своите пријатели

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој планира да се врати во Белата куќа во 2024 година, дури и ако биде осуден од федерален суд, изјави дека евентуалната осуда нема да го спречи да ја продолжи кампањата.

Loading...

77-годишниот републикански фаворит, опфатен со скандали, беше запрашан како ќе реагира на наводите еден ден откако беа објавени новите обвиненија во случајот со доверливи документи.

Запрашан од екстремно десничарскиот радио водител Џон Фредерикс дали ќе престане да води кампања доколку биде осуден, тој одговори:

„Воопшто не. Ништо во Уставот не вели што би можело да ме спречи да водам кампања“.

Поранешниот претседател рече дека и поранешните американски претседатели како Барак Обама и Џорџ В. Буш ги „зедоа документите“, погрешно имплицирајќи дека неговите претходници го направиле истото за кое тој беше обвинет.

„Никој никогаш не доживеал вакво нешто. Ова е лудо“, налутено рекол тој.

Во четвртокот, 27 јули, федералните обвинители го проширија обвинението против Трамп во случајот на ракување со доверливи документи – за кои тој веќе е обвинет – обвинувајќи го дека се обидел да ги избрише снимките од видео надзорот за кои биле заинтересирани истражителите.

Покрај тоа, тој беше обвинет и во врска со тајни плаќања на поранешна порно актерка, а му се заканува и обвинение како дел од истрагата за обид да го претвори неговиот пораз на изборите во 2020 година во победа.

Loading...

Државниот обвинител на Џорџија треба да го објави и резултатот од истрагата за притисокот што го вршел за промена на резултатот од претседателските избори во таа сојузна држава на југот до септември.