Стејт департмент: Корупцијата на врвот ги кочи странските инвестиции на Балканот

Сподели со своите пријатели

Сите земји од Западен Балкан сè уште имаат проблеми со корупцијата, која е пречка за директните странски инвестиции, се вели во извештајот за Инвестициската клима објавен од Стејт департментот на 27 јули.

Loading...

Во последните години инвестициската клима во Србија е „скромно“ подобрена, иако, како што се наведува, загрижува големото политичко влијание врз економијата.

Корупцијата во Црна Гора е најраспространета во секторот за јавни набавки, додека сложените институционални, политички и територијални структури на Босна и Херцеговина (БиХ) ја комплицираат економската клима во земјата и ги одвраќаат странските инвеститори.

Политичкото влијание и слабото владеење на правото се пречка за странските директни инвестиции во Косово, додека македонската влада генерално го спроведува законот, но има бројни извештаи за корумпирани функционери.

Босна и Херцеговина (БиХ) е отворена за странски инвестиции, но за да се случи тоа, инвеститорите мора да ги надминат значајните предизвици како што се ендемската корупција, комплицираните закони и владините структури.

Истовремено, се посочува дека проблем се нетранспарентните деловни процедури, недоволната заштита на имотните права и слабиот судски систем кој е под влијание на етнонационалистичките партии.

„БиХ има релативно ниско ниво на странски директни инвестиции (СДИ). Распарчената влада во Босна и Херцеговина нема ниту капацитет, ниту политичка волја да се посвети на обезбедување соодветни стимулации или добра средина за инвеститорите“, се вели во Извештајот.

Се нагласува дека повеќе од 500 државни претпријатија го истиснуваат приватниот сектор.

Loading...

„Сложените институционални, политички и територијални структури на БиХ ја комплицираат економската клима на земјата и ги одвраќаат странските инвеститори“, се вели во извештајот.

Во игра се високи етнички тензии додека етно-националистичките партии се борат да обезбедат или одржат контрола врз одредени институции.

Во овој контекст, институциите на државно ниво постигнаа мал напредок во спроведувањето на неопходните реформи за зајакнување на деловното опкружување.

Според РСЕ, потезите на ентитетот РС за неуставно преземање контрола врз државниот имот и заканите на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, за одвојување на РС од БиХ, исто така, ги зголемија тензиите.

„Овие акции, во комбинација со напорите на РС да формира паралелни институции на ниво на ентитет (како што е Агенцијата за лекови и медицинска опрема на РС), се закануваат да создадат правни нејаснотии и да ги попречат инвестициите. Инвеститорите треба да обрнат внимание“.

Помеѓу 1994 и 2021 година, во Босна и Херцеговина влегоа околу 8,95 милијарди долари директни странски инвестиции.

Американските инвестиции во БиХ се ниски, а првите пет земји што инвестираат во БиХ се Австрија, Хрватска, Србија, Словенија и Германија.