Воена парада во Северна Кореја, дојдоа и Русите и Кинезите (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја покажа нови дронови, нуклеарни ракети и балистички ракети на големата воена парада во главниот град Пјонгјанг, во присуство на лидерот Ким Џонг Ун и делегации од Русија и Кина, објавија во петокот државните медиуми.

Loading...

 

 

Со воена парада во четвртокот вечерта беше одбележана 70-годишнината од крајот на Корејската војна, која се слави како „Ден на победата“ на северот на Корејскиот полуостров.

 

 

Loading...

За прв пат од избувнувањето на пандемијата „Ковид-19“, воената парада имаше посетители од странство, поконкретно делегации од Кина и Русија, меѓу кои и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Нивното појавување на настан фокусиран на нуклеарните ракети (забранети од Советот за безбедност на ОН, со гласовите на Кина и Русија) претставува промена од претходните години кога Пекинг и Москва се обидоа да се дистанцираат од развојот на севернокорејската нуклеарна програма.

 

 

На споменатата парада можеа да се видат најновите интерконтинентални балистички ракети Хвасонг-17 и Хвасонг-18, чиј дострел е доволен за погодување на која било цел во САД, како што јави државната новинска агенција.

 

Loading...

 

Дел од програмата беше и прелетување на шпионски авиони.

Министерот за одбрана, генерал Канг Сун Нам, во својот говор ги обвини САД и нивните сојузници за подигање на тензиите во регионот.

 

 

Ким Џонг Ун го угости рускиот министер за одбрана на свечен ручек на кој му вети солидарност со рускиот народ и руската армија.

Од друга страна, Шојгу ја пофали севернокорејската армија, нарекувајќи ја најсилната армија во светот, а потоа разговараа за безбедносната и одбранбената соработка меѓу двете земји, јави државната новинска агенција.

Loading...

 

 

Во својот одговор до Пјонгјанг, Вашингтон го повика дека испорачува оружје на Русија, која потоа го користи за воени цели во Украина. Заменик портпаролот на американскиот Стејт департмент Ведант Пател изјави во четвртокот дека САД се крајно загрижени поради растечките врски меѓу Москва и Пјонгјанг.

 

Loading...

 

Пјонгјанг и Москва негираат дека спроведоа какви било трансакции со оружје.

 

Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...