Руски борбен авион испука ракети и собори уште едно американско беспилотно летало над Сирија, соопшти Белата куќа.
Ова е шести ваков инцидент месецов, а втор во последните 24 часа.
Претходно во средата, како што објавија САД, руски авиони полетале опасно блиску до американски авион со пилот и беспилотен авион.
Двајца американски функционери, кои побараа анонимност, потврдија дека американскиот дрон MQ-9-рипер бил оштетен во рускиот напад.
Прес-секретарот на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, рече дека дронот бил на мисија против екстремистите на Исламската држава и дека рускиот „близок пристап и пукање ракети над американските беспилотни летала за време на нивните рутински мисии“ е спротивно на меѓународните правила.
Во вторникот руските авиони испукаа ракети кои оштетија пропелер на американски дрон, а еден ден подоцна проектилите директно го погодија дронот.
Експертите веруваат дека Русите го прават тоа за да помогнат во желбата на Иран Американците да ја напуштат Сирија, а Русија се потпира на Иран за да ги спроведе своите воени операции во Украина.