Ким Џонг Ун имаше „пријателски разговор“ со Сергеј Шојгу во Пјонгјанг

Сподели со своите пријатели

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во Пјонгјанг се сретна со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и делегација од кинеското Политбиро по повод годишнината од крајот на непријателствата меѓу двете Кореи, јавија утринава државните медиуми.

Loading...

Руските власти и кинеската делегација предводена од членот на Политбирото Ли Хонгџонг се првите познати странски посетители на Пјонгјанг откако границата беше затворена поради пандемијата во 2020 година, според јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

Ким „имаше пријателски разговор“ со Сергеј Шојгу кој му даде „потпишано писмо“ од рускиот претседател Владимир Путин, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Ким, исто така, „топло го поздрави другарот Ли Хонгјонг“, соопшти агенцијата, додавајќи дека Ли „со почит му го предал писмото на другарот Кси Џинпинг“ на севернокорејскиот лидер.

Пјонгјанг денеска слави 70 години од потпишувањето на примирјето во Корејската војна на 27 јули 1953 година кога борбите завршија.

Тој ден во Северна Кореја се слави како Ден на победата.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.