Руска делегација предводена од министерот за одбрана Сергеј Шојгу денеска ја започнува тридневната посета на Северна Кореја, соопштија руското Министерство за одбрана и севернокорејските државни медиуми.
Северна Кореја е една од само неколкуте земји што покажа директна поддршка за руската инвазија на Украина и ги обвини САД и Западот за војната.
Посетата, организирана по повод 70-годишнината од крајот на Корејската војна, ќе помогне во зајакнувањето на руско-севернокорејските воени врски и ќе биде важна фаза во развојот на соработката меѓу двете земји, соопшти руското Министерство за одбрана, а пренесува Си-Ен-Ен.
Во Северна Кореја оваа недела отиде и кинеска владина делегација.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.