Во понеделникот вечерта Северна Кореја истрела балистичка ракета во морето кај нејзиниот источен брег, соопшти Здружениот генералштаб на Јужна Кореја, пренесува Фена.
Јапонското Министерство за одбрана исто така објави дека Северна Кореја лансирала, како што рече, балистичка ракета.
Веста доаѓа во време на зголемени тензии на Корејскиот полуостров додека Јужна Кореја и САД преземаат чекори за зајакнување на борбената готовност против севернокорејската програма за оружје, со распоредување на американски стратешки воени средства.
Северна Кореја реагираше луто, велејќи дека таквото распоредување може да ги исполни критериумите за употреба на нуклеарно оружје.
Зголемување на тензијата
Северна Кореја изврши тестирање на балистичка ракета минатата недела, неколку часа откако американска подморница со нуклеарно оружје пристигна во јужнокорејско пристаниште за прв пат од 1980-тите.
Во понеделникот уште една американска подморница на нуклеарен погон пристигна во Јужна Кореја.
Во текот на викендот, Северот истрела низа крстосувачки ракети во морето во близина на неговиот западен брег, пренесува Ројтерс.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.