ФСБ: Пронајдени траги од експлозив на брод кој пловел од Турција кон Русија

Сподели со своите пријатели

Траги од експлозив се пронајдени на товарен брод кој пловел од Турција кон Русија преку Керченскиот теснец, а според информациите на разузнавачката служба, истиот товарен брод бил на крајот на мај во украинското пристаниште Килија во областа Одеса, соопшти прес-службата на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

Loading...

ФСБ наведува дека овие околности може да укажуваат на можност за користење на странски цивилен брод за испорака на експлозив на територијата на Украина и затоа на товарниот брод му е забрането да поминува под мостот на Крим, пренесува РИА Новости.

Во соопштението се наведува дека во саботата биле пронајдени траги од динитротолуен и тетрил експлозив во складиштето на странски товарен брод на пат од Турција кон пристаништето Ростов на Дон за да товари жито.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Молдавска зима без руски гас: Придњестровје се замрзнува

ФСБ потсетува дека од безбедносни причини се проверуваат бродовите што одат кон Азовското Море преку Керченскиот теснец.

Според информациите на разузнавачката служба, истиот товарен брод бил во украинското пристаниште Килија во областа Одеса, а во јули екипажот на бродот бил целосно заменет во турското пристаниште Тузла, составен од 12 државјани на Украина, а бродот го сменил и името.

По украинскиот напад на мостот на Крим ноќта на 17 јули, Русија ги извести Турција, Украина и ОН дека се противат на продолжување на договорот за извоз на жито преку украинските пристаништа на Црното Море.

Руското Министерство за одбрана тогаш предупреди дека од 20 јули сите бродови кои пловат низ Црното Море до украинските пристаништа ќе се сметаат за потенцијални превозници на воен товар, а дека земјите под чии знами пловат ќе се сметаат за вклучени во конфликтот на страната на Киев.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гори фабрика за ацетон во Русија: Пожар зафатил 1.600 метри квадратни (ВИДЕО)

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...