Пожарот што избувна на воените полигони во областа Кировска на полуостровот Крим принуди евакуација на повеќе од две илјади луѓе и затворање на блискиот автопат, објави во средата гувернерот на Крим поддржан од Москва.
„Планирано е привремено да се евакуираат жителите на четири населени места – тоа се повеќе од две илјади луѓе“, рече прорускиот гувернер на Крим, Сергеј Аксјонов, на апликацијата за пораки Телеграм.
Не е наведена причината за пожарот, поради што делумно беше затворен и главниот автопат Тавриди.
Телеграмските канали поврзани со руските безбедносни служби и украинските медиуми објавија дека складиште за муниција гори во базата по украински воздушен напад.
Ројтерс не можеше да ги потврди тие извештаи од независни извори. Немаше коментари од Украина.
Сергеј Братчук, портпарол на воената администрација на Одеса во Украина, објави две видеа од пожарот во ненаселената област, наведувајќи:
„Депо на непријателска муниција Стар Крим“.
At ~4:30am there were strikes on Russian ammunition depot near Stary Krym, Crimea. ~230km from the front line. pic.twitter.com/GZWumRMpMK
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) July 19, 2023
Стари Крим е историски град во областа Кировске на Крим. Русија го анектира украинскиот полуостров Крим во 2014 година“.
Видеата и фотографиите на социјалните мрежи покажуваат големи пламени јазици и густ пожар во ненаселено место, проследено со серија детонации.
Некои Телеграмски канали објавија дека до 7:30 часот по локално време пожарот горел околу три часа, но дека се уште не е изгаснат.
Пожарот дојде два дена откако во понеделникот експлозија оштети мост што ги поврзува Русија и полуостровот Крим, за што Москва ја обвини Украина, а рускиот претседател Владимир Путин најави одмазда.
Во текот на ноќта Русија втора ноќ по ред изврши воздушен напад врз украинското пристаниште Одеса.
Украинската армија објави и дека нападот со беспилотно летало врз Киев бил успешно одбиен во средата наутро.
REPOST (I had selected the wrong footage):
In Staryi Krym in occupied Crimea an ammo depot was hit. About 2000 residents are being evacuated. The highway between Sevastopol and the Kerch bridge is closed right now.
Rattling sounds of ammunition that is cooking off. pic.twitter.com/7CLILfVL1b
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) July 19, 2023
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.