Севернокорејската полиција уапсила американски државјанин откако илегално ја преминал границата со Јужна Кореја и влегол во земјата.
Командата на Обединетите нации, која управува со Демилитаризираната зона и Заедничката безбедносна област (ЈСА) што ги дели Северна и Јужна Кореја, рече дека мажот немал овластување да премине.
„Американски државјанин неовластено ја преминал воената демаркациона линија во Демократска Народна Република Кореја. Се сомневаме дека тој моментално е во притвор и работиме со нашите колеги од Јужна Кореја на разрешување на овој инцидент“, соопшти командата.
Стејт департментот се уште не се изјаснил за овој случај, а не е познато дали преминувањето на границата било намерно или поради сплет на околности.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.