Киев: Пристанишна инфраструктура оштетена во рускиот ракетен напад врз Одеса

Сподели со своите пријатели

Во рускиот ракетен напад врз Одеса во текот на ноќта, оштетена е „пристанишната инфраструктура“, соопштија локалните украински власти.

Loading...

Нападот на Одеса беше неколку часа по истекот на договорот за извоз на украинско жито.

„Шест ракети од типот „калибар“ беа лансирани од Црното Море кај Одеса“, се вели во соопштението на украинската оперативна команда за југот на земјата.

Украинската противвоздушна одбрана ги уништила проектилите, но остатоците од проектилите „оштетиле пристанишна инфраструктура и неколку приватни куќи“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со Путин