На социјалните мрежи беа објавени првите снимки и фотографии од последиците од нападот на Кримскиот мост.
Судејќи според новите фотографии, еден сегмент од мостот паднал од потпорните столбови.
Голем број руски Телеграм канали тврдат дека нападот на мостот на Крим е специјална операција на Службата за безбедност на Украина и на украинската морнарица.
Во нападот наводно биле користени површински дронови.
Попрецизен увид во степенот на оштетување на мостот на Крим може да се види на видеата.
Во близина на мостот има голема гужва. Рускиот телеграмски канал Греј зона, кој е поврзан со групата Вагнер, објави дека мостот бил нападнат двапати во периодот по 3 часот по полноќ по локално време.
Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат дека сообраќајот е во прекин, а на возачите им било наредено да ги свртат своите автомобили и да се вратат од каде што дошле.
Да потсетиме, две лица загинаа денеска, а едно дете е повредено во напад на Кримскиот мост, додека сообраќајот е во прекин поради оштетување на коловозот, јави руската новинска агенција РИА, повикувајќи се на Министерството за здравство на Краснодарската област.
Extend of the destruction: Kerch bridge, Crimea.#Crimea #KerchBridge #CrimeaBridge
— Walter Report 🇺🇦 (@walter_report) July 17, 2023
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.