Во инцидентот што се случи рано утрово на мостот на Крим, загина брачен пар, додека нивната ќерка е тешко повредена, соопшти гувернерот на Белгородската област.
Од руското Министерство за транспорт потврдија дека има оштетувања на мостот, но се уште не соопштуваат за каква штета станува збор.
Во меѓувреме, портпаролката на украинските вооружени сили Југ, Наталија Кумениук, зборуваше за инцидентот и рече дека овој напад може да биде провокација од Москва.
„Создавањето такви провокации, за кои окупаторските власти на Крим известуваат веднаш и многу гласно, е типичен начин на кој властите на Крим и државата агресор ги решаваат проблемите“, додаде Хумениук.
Да потсетиме, претходно денеска шефот на Крим извести дека на мостот се случил „итен инцидент“, како и дека сообраќајот е запрен.
На социјалните мрежи почна да кружи наводно видео од оштетувањето на мостот на Крим по ударот.
Телеграф не можеше самостојно да ја потврди автентичноста на снимката.
Повеќе извори потврдија дека мостот бил двапати погоден, пишува Си-Ен-Ен.
Гувернерот на Краснодар преку каналот Телеграм објави дека е формиран кризен штаб за координација на итните служби.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.