Во прекин сообраќајот на мостот на Крим, се слушнале експлозии?

Сподели со своите пријатели

Сообраќајот е запрен на мостот на Крим. На 145-от столб од мостот имаше вонредна ситуација. Работата на полицијата и сите итните служби е во тек.

Loading...

– Се преземаат неопходни мерки. Со оглед на моменталната ситуација, ги молам жителите и гостите на полуостровот да се воздржат од патување преку мостот на Крим и од безбедносни причини да изберат алтернативен копнен пат, изјави Сергеј Аксјонов, шеф на руската администрација на Крим.

Сообраќајот на мостот Крим, кој ги поврзува полуостровот Крим и руската област Краснодар, е запрен поради „вонредна ситуација“, објави во понеделникот прорускиот гувернер Сергеј Аксјонов.

Тој исто така ги повика жителите да не го преминуваат мостот.

Без да даде детали, Аксјонов на Телеграм рече дека вонредната ситуација се случила на 145-от столб од мостот.

Украинската новинска агенција РБЦ јави дека на мостот се слушнале експлозии.

Рускиот телеграмски канал Греј зона, кој е поврзан со групата Вагнер, објави дека мостот бил нападнат двапати по 3 часа по локално време.

Ројтерс не можеше самостојно да ја потврди веста. Украина се уште не коментира ништо.

Loading...

Русија го анектираше Крим во 2014 година. Мостот долг 19 километри беше оштетен во експлозија во октомври минатата година, во нападот што Москва рече дека го извршиле украинските безбедносни сили.

Украина индиректно ја призна одговорноста само неколку месеци подоцна.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.