Зеленски денеска во Турција на средба со Ердоган

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ќе ја посети Турција за да разговара со шефот на турската држава Реџеп Таип Ердоган за договорот за извоз на жито, како и за војната во Украина.

Минатата година Турција и Обединетите нации постигнаа договор за извоз на украински земјоделски производи од пристаништата на Црното Море и покрај војната.

Незадоволна од начинот на кој се спроведува договорот, Русија се закани дека нема да дозволи негово обновување по 17 јули.

Зеленски и Ердоган ќе учествуваат и на состанокот на делегациите на двете земји, јави агенцијата Анадолија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Напади врз Запорожје, една жена е убиена

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.