Русија и Сирија ќе спроведат заеднички воени вежби

Сподели со своите пријатели

Во Сирија денеска ќе почнат заеднички руско-сириски воени вежби за противвоздушна одбрана, изјави заменик-шефот на руското Министерство за одбрана Олег Гуринов.

Loading...

„Заедничките руско-сириски вежби ќе започнат на 5 јули и ќе траат шест дена. Планирано е да се вежбаат заеднички операции на авијација, противвоздушна одбрана и електронско војување за одбивање воздушни напади“, рече Гуринов.

Тој додаде дека во текот на изминатиот ден, на северот на Сирија биле пријавени девет прекршувања на правилата за безбедност на летот од дронови на меѓународната антитерористичка коалиција предводена од САД, пренесува ТАС С.

„Зголемувањето на бројот на некоординирани летови придонесува за ескалација на тензиите и на ниту еден начин не поттикнува меѓусебна конструктивна соработка. Повторуваме дека руската страна не сноси никаква одговорност за безбедноста на некоординираните летови со беспилотни летала“, рече Гуринов.