Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека неговата крајна цел е да го спаси Крим, кој беше анектиран од Русија, велејќи дека не можат да размислуваат за Украина без Крим.
Во интервју за Си-Ен-Ен, Зеленски изјави дека се обидуваат да си ги вратат териториите на југот и на истокот на Украина, а нивната последна цел е „да го спасат Крим“, кој беше анектиран од Русија во 2014 година.
Нагласувајќи дека напорите на Киев се насочени кон повторно заземање на териториите на југот и на истокот на Украина, Зеленски рече:
„Не можеме да ја замислиме Украина без Крим. Додека Крим е под руска окупација, тоа има само едно значење – војната сè уште не е завршена“.
Запрашан дали е можно некакво сценарио во кое може да се постигне мир без Крим, Зеленски одговори дека „тогаш нема да има победа“.
Украинскиот претседател откри дека одговорот на рускиот претседател Владимир Путин на вооружениот бунт на Вагнер бил „слаб“ и дека тој ја губи контролата врз сопствениот народ.
Во 2014 година Русија го анектира Крим, за кој имаше несогласувања со Украина, а Вагнер, кој беше задолжен за вклучување на Крим на руска територија, со тој чекор го прослави своето име во светот.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.