Израелските сили ја продолжија операцијата во Џенин, илјадници Палестинци евакуирани

Сподели со своите пријатели

Илјадници Палестинци синоќа го напуштија бегалскиот камп Џенин на окупираниот Западен Брег за да избегнат конфликт додека израелските сили продолжуваат со големата воена операција.

Loading...

Палестинската служба за итни случаи на Црвената полумесечина соопшти дека околу 3.000 луѓе биле евакуирани од густо населен дел од кампот.

Заменик-гувернерот на Џенин, Камал Абу ал-Рауб, изјави за АФП дека тие ќе бидат сместени во училишта и други засолништа во соседниот град. Во кампот живеат околу 18.000 Палестинци.

Портпаролката на агенцијата на ОН за Палестинците, Џулиет Тума, потврдила за Франс прес дека жителите на кампот си заминуваат, а палестинските медиуми објавија снимка на која се гледа како некои луѓе поминуваат покрај израелските воени возила.

Палестинските медиуми објавија и дека израелската армија ги зголемува своите сили во Џенин и снимка од голема конвој со воени возила, вклучително и булдожери, кои синоќа влегуваат во областа.

Израелските власти негираа дека наредиле евакуација, бидејќи палестинските медиуми објавија дека израелската војска им наредила на жителите да си заминат.

Во понеделникот рано наутро Израел започна голема антитерористичка операција во, како што рече, жариштето на тероризмот во Џенин.

Израелските медиуми јавуваат дека Палестинците од областа извршиле неколку напади врз Израелците во последниве години, а се верува дека палестинската управа нема доволно контрола таму.

Loading...

Повеќе од илјада војници учествуваат во операцијата и се чини дека е најголемата на Западниот Брег во последните две децении.

Започна еден час по полноќ со воздушни напади врз повеќе цели, вклучително и, како што рече војската, заеднички команден центар на различни вооружени групи.

Израелските војници бараа засолништа за оружје, лаборатории за експлозиви и друга „терористичка инфраструктура“, се судрија со вооружен Палестинец и извршија десет воздушни напади врз различни цели во кампот, се вели во военото соопштение.

Палестинските здравствени власти рано утринава соопштија дека девет лица се убиени, а најмалку 100 се ранети, од кои 20 потешко, за време на нападите и судирите со израелските сили кои продолжија во текот на ноќта.

Израелските политички и безбедносни лидери се согласија да ја продолжат операцијата, објави израелскиот јавен сервис Кан.

Цитирајќи воен претставник, јавниот сервис објави дека Израел сѐ уште сака да постигне многу цели.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека во изминатите месеци Џенин стана рај за тероризмот и дека сега завршува.

Тој рече дека израелските сили убиле неколку вооружени лица, уапсиле и пронашле и уништиле оружје и објекти за правење бомби.

Loading...

Нетанјаху потврди дека израелските сили дејствуваат во густо населените области, тврдејќи дека тоа го прават со минимална штета на цивилите.

Палестинското Министерство ги идентификуваше жртвите и соопшти дека се убиени млади луѓе, меѓу кои едно момче (16) и двајца седумнаесетгодишници.