Институт за проучување на војната: Путин се соочува со тешка одлука

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин мора да одлучи дали ќе го поддржи своето Министерство за одбрана или серија ултра-националистички воени блогери, објави Институтот за проучување на војната (ISW).

Loading...

Последниот извештај на ISW сугерира дека воените блогери, кои имаат влијание врз огромниот број провоени Руси кои ги читаат нивните блогови, се повеќе се фрустрирани од неточното известување на руското Министерство за одбрана од првите редови, пренесува Индекс.

ISW вели дека воените блогери неодамна го нападнале Министерството за одбрана, откако тоа ја „преценило тактичката руска победа“ на мостот Антонив во Херсон и го обвиниле министерството за недоволно снабдување со војници таму.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Литванскиот претседател: Киев мора да биде вклучен во преговорите

Според извештајот, Путин ја ужива поддршката на блогерите и треба или да ги цензурира или да ги зближи за да ги намали тензиите во заедницата.

Изборот е или да се отуѓи моќната група на тврдокорни поддржувачи на војната и нивната колективна сфера на влијание меѓу рускиот народ, или целосно да се дискредитира сопственото Министерство за одбрана.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.