Трамп: Украина можеби ќе мора да отстапи одредена територија на Русија

Сподели со своите пријатели

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп оцени дека рускиот претседател Владимир Путин е „донекаде ослабен“ од бунтот на приватната воена компанија „Вагнер“ и додаде дека сега е време САД да се обидат да посредуваат во мировниот договор меѓу Русија и Украина.

Loading...

„Сакам луѓето да престанат да умираат поради оваа смешна војна“, рече Трамп.

Кога станува збор за Украина, Трамп не ја исклучи можноста владата во Киев да мора да и отстапи одредена територија на Русија за да ја запре војната.

Тој додаде дека, ако тој беше претседател, сè ќе беше „предмет на преговори“, но дека Украинците, кои енергично се бореа да ја одбранат својата земја, „заслужија многу пофалби“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сеул: Испраќањето војници од Северна Кореја во Русија е закана за меѓународната безбедност

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.