15 Руси загинаа во бунтот „Вагнер“ – соборени шест хеликоптери и команден авион

Сподели со своите пријатели

За време на бунтот на „Вагнер груп“, членовите на таа приватна воена компанија соборија шест хеликоптери и еден авион на руските воздухопловни сили.

Loading...

Притоа загинаа 13 пилоти и членови на екипажот. Поточно, тројца воздухопловци загинаа во соборените хеликоптери и десет членови на екипажот на Иљушин Ил-22.

Според типовите на авиони, соборени се еден хеликоптер Ми-35, еден Ка-52, три хеликоптери Ми-8 за електронски операции, еден транспортен Ми-8 и авион Ил-22 кој служел како команден центар.

Сите авиони биле соборени покрај автопатот што води од Ростов на Дон до Воронеж и понатаму кон Москва.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија испрати над 100 дронови над Украина ноќва

Во тој правец се движеше конвој со членови на групата Вагнер кој се упати кон главниот град на Русија.

Како што е познато, до соборените авиони не биле испратени никакви предупредувања пред да се отвори оган.

За време на бунтот, двајца членови на „Вагнеровата група“ беа убиени во размена на оган со припадници на редовните вооружени сили на Русија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...