Украина добива помош од Европа, во износ од неколку милијарди евра

Сподели со своите пријатели

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ одобрија да се издвојат 3,5 милијарди евра за фондот од кој Брисел издвојува пари за набавка на оружје на Украина.

Loading...

„Советот (ЕУ) денеска усвои одлука за зголемување на вкупната финансиска граница на Европскиот фонд за мир ЕПФ за 3,5 милијарди, врз основа на претходен договор од 20 март 2023 година. Оваа одлука има за цел да обезбеди финансиска одржливост на ЕПФ на долг термин и го зачувува опсегот и способноста на ЕУ да спречи кризи и конфликти и брзо да одговори на нив“, се вели во соопштението.

Како што јави Ројтерс, повикувајќи се на неименувани извори во ЕУ, специјалниот пратеник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, побарал да се подигнат лимитите на фондот, кој веќе има доделено околу 4,6 милијарди евра воена помош за Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.