Авионот на Пригожин слетал во Белорусија

Сподели со своите пријатели

Деловниот авион на основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин, полетал од рускиот град Ростов на Дон за Белорусија, а од Санкт Петербург таму пристигнал уште еден авион, објави независниот медиум Белорусиан Хајун, повикувајќи се на податоци на Flight Radar.

Loading...

Авионот на Евгениј Пригожин со регистарски број RA-02795 слета на аеродромот Мачулишчи во близина на Минск во 7:40 часот.

Уште еден авион пристигна од Русија: бизнис џет BAe 125-800B со регистарски број RA-02878 полета од Санкт Петербург и слета на аеродромот Мачулишчи во 07:58 часот.

Да потсетиме дека рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека акциите на руските служби, здравиот разум на мнозинството членови на Вагнер и „патриотскиот дух на руските граѓани“ биле одлучувачки во задушувањето на бунтот предводен од Пригожин против руското воено раководство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  13 лица загинаа во руски напад на Запорожје

Тој им понуди на Вагнерците неколку опции – да се приклучат на руската армија, да одат кај нивните семејства или да одат во Белорусија.

Руски медиуми: Пригожин веќе беше во Минск

Вчера про-Кремљ сајтот lenta.ru, повикувајќи се на Телеграмскиот канал Бриф, објави дека основачот на Вагнер веќе бил виден во Минск, во хотелот Green City со три ѕвезди на периферијата на градот.

Самиот хотел не можеше да потврди дека Пригожин престојувал кај нив, мислејќи на доверливоста на информациите за гостите.

Тие појаснија и дека немаат луксузни соби, а најскапата опција за сместување е соба од „подобрена“ категорија која чини 180 белоруски рубљи (околу 65 евра) за ноќ.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп Џуниор: Пожарникарската служба на Лос Анџелес донираше куп од своите залихи на Украина!

Претходно беше објавено дека центрите за регрутирање на Вагнер во Русија продолжиле да работат.

Дописникот на ТАСС јави дека плакатите кои промовираат приклучување кон Вагнер биле вратени откако биле отстранети во саботата за време на немирите.

Во руските опозициски медиуми се појавија информации дека Белорусија почнала да гради кампови за борците Вагнер, пренесува Индекс.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.