Американскиот претседател Џо Бајден разговараше во понеделникот со италијанската премиерка Џорџа Мелони за краткотрајниот бунт на руските платеници против Кремљ и исто така ја покани да ја посети Белата куќа во јули, се вели во соопштението од Белата куќа.
Бајден разговараше со клучните сојузници за настаните во Русија и телефонскиот разговор со Мелони беше дел од тие напори, се вели во соопштението.
„Лидерите ја потврдија својата непоколеблива поддршка за Украина“, се вели во соопштението.
Бајден и Мелони разговараа и за подготовките за самитот на НАТО следниот месец во Вилнус и неодамнешните настани во Северна Африка, соопшти Белата куќа.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.