Макрон: Бунтот на „Вагнер“ укажува на поделби во рускиот табор

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека бунтот на приватната воена формација „Вагнер“ против военото раководство на Русија покажува, како што наведе, „поделби во рускиот табор“ и укажува на кревкоста на руските вооружени сили.

Loading...

Макрон за денешното издание на дневниот весник „Прованс“, по повод случувањата во Русија, рече дека треба да се биде внимателен бидејќи ситуацијата сѐ уште се развива.

„Но, тоа ги покажува поделбите што постојат во рускиот табор, кревкоста и на нејзината армија и на нејзините помошни сили, како што е групата Вагнер“, рече Макрон.

Тој додаде дека настаните во Русија ги следел „од час во час“.

„Сето ова треба да нѐ држи на стража и целосно да ја оправда поддршката што им ја даваме на Украинците во нивниот отпор“, изјави Макрон за весникот Марсеј пред денешната посета на тој град на југот на Франција, јави Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.