Путин му се јавил на Лукашенко да го информира за настаните со Пригожин

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин утринава телефонски разговарал со белорускиот лидер Александар Лукашенко за кризната ситуација во Русија и бунтот во кој шефот на паравоената организација Вагнер Евгениј Пригожин ги предводеше своите борци, соопшти прес-службата на претседателот на Белорусија.

Loading...

„Утринава претседателот на Русија му се јави на претседателот на Белорусија, беше извршен телефонски разговор. Владимир Путин го информирал белорускиот колега за ситуацијата во Русија“, пренесува БелТА.

Шефот на руската приватна паравоена формација Вагнер Евгениј Пригожин утринава изјави дека неговите сили имаат контрола над воените објекти во Ростов на Дон, вклучувајќи го и аеродромот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лавров: Москва ќе ги брани своите интереси на Арктикот

Тој ја повика и руската армија да не му пружа отпор бидејќи, како што рече, „ова не е воен удар, туку марш на правдата“.

Пригожин преку видео објави дека тој и неговите војници го контролираат Ростов на Дон, каде што се наоѓа штабот што ги води руските воени операции во Украина.

Во своето обраќање до нацијата утринава, Путин ги нарече дејствијата на Пригожин „бунт“, „предавство“ и обид „да ѝ забие нож во грб на Русија“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.