Зградата на приватната паравоена организација „Вагнер“ во Санкт Петербург е оградена и опколена.
На влезот има полицајци и припадници на Националната гарда, а ситуацијата околу овој објект моментално е мирна, јавува Тас, пренесува Танјуг.
Неколку полициски автомобили беа паркирани пред седиштето на „Вагнер“, а група новинари кампуваа преку улицата од зградата.
Органите на редот во Санкт Петербург заедно со градските власти ја контролираат ситуацијата, но безбедносните мерки во градот се зајакнати, соопшти прес-службата на градската управа.
„Ситуацијата во Санкт Петербург е мирна и под контрола. Гувернерот Александар Беглов е во постојан контакт со раководителите на органите на редот во градот. Во Санкт Петербург остануваат на сила строгите безбедносни мерки“, соопшти прес-службата.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.