На прашањето за позицијата на Владата на Израел во однос на украинската криза, тој рече дека Тел Авив е во „уникатна“ ситуација, различна од, да речеме, Полска, Германија, Франција или која било друга западна земја која ѝ помага на Украина.
Нетанјаху нагласи дека воената граница со Русија е блиска, и дека израелските пилоти летаат заедно со руските над Сирија и дека тој верува дека е важно Тел Авив да ја задржи слободата на дејствување против обидите на Иран воено да се воспостави на северната граница на Израел.
– Второ, ние сме загрижени дека секој систем што ќе и го дадеме на Украина ќе биде искористен против нас, бидејќи може да заврши во рацете на Иранците. Патем, тоа не е само теоретска можност, бидејќи тоа веќе се случи со западното противтенковско оружје што сега го наоѓаме на нашите граници. Затоа мора да бидеме многу внимателни – посочи Нетанјаху.
„Само несмртоносна помош“
Од минатата година Украина постојано бараше од Израел да испрати различни видови оружје, вклучително и системи за противвоздушна одбрана, но Тел Авив ги отфрли сите барања.
Властите на Израел најавија дека во Киев ќе испратат само хуманитарна и „несмртоносна“ помош.
Меѓу другото, Израел вети дека ќе ѝ помогне на Украина да го распореди најновиот систем за предупредување за цивилни проектили.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и други руски претставници предупредија на опасноста западното оружје испратено во Украина да се прошири и во другите региони.
Рускиот амбасадор во САД Анатолиј Антонов истакна дека милитаризацијата на Украина од Америка директно влијае на европската и глобалната безбедност.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.