Во најновиот руски напад врз Киев беа соборени 12 проектили и два дрона, соопшти украинското воздухопловство, а пренесува Си-Ен-Ен.
Оттаму додаваат дека прелиминарните информации покажуваат дека се уништени шест воздушни балистички ракети Кинжал и шест крстосувачки ракети Калибр.
Неодамна, предупредувањето за воздушен напад беше укинато за градот Киев, поширокиот регион Киев, западните региони и некои централни региони на Украина.
Kinzhal или Kh-47 се балистички ракети лансирани од воздух со дострел од околу 2.000 километри.
Тие се движат со околу 10 пати поголема брзина од звукот и носат боева глава од речиси 500 килограми.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.