Јужна Кореја пронајде дел од севернокорејската ракета која падна при неуспешно тестирање

Сподели со своите пријатели

Јужнокорејската војска денеска соопшти дека по 15-дневна потрага пронашла голем дел од севернокорејската ракета која паднала во морето при неуспешно тестирање.

Loading...

На 31 мај, Северна Кореја се обиде да го стави својот прв воен сателит за надзор во орбитата, но ракетата се урна во морето набргу по лансирањето.

Војската на Јужна Кореја соопшти дека успеала да го пронајде главниот елемент на ракета-носач во Жолтото Море.

„Пронајдениот дел ќе биде детално анализиран од специјализирани институции како што е Националната агенција за развој на одбраната“, соопшти Генералштабот на јужнокорејската војска.

Соединетите Американски Држави, Јужна Кореја и Јапонија тврдат дека тестот на Пјонгјанг ги прекршил резолуциите на Обединетите нации кои ѝ забрануваат на земјата вооружена со нуклеарно оружје да врши тестови користејќи технологија на балистички проектили.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Европејците повеќе нема да можат да си ги дозволат овие 5 луксузи

Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.