Трамп по сослушувањето: САД се корумпирана земја, немаат ништо друго освен проблеми

Сподели со своите пријатели

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп по сослушувањето по обвинението за задржување доверливи документи изјави дека САД се корумпирана земја.

Loading...

„Имаме земја која е корумпирана, која нема граници. Имаме земја која нема ништо друго освен проблеми“, рекол Трамп откако го напуштил судот во Мајами, пренесува Sky News.

Тој додаде дека американската нација е во опаѓање и дека во таква ситуација „тие прават вакви работи“, мислејќи на членовите на Демократската партија.

– Имаме земја која пропаѓа како никогаш досега и не можеме да дозволиме тоа да се случи – рече Трамп.

Поранешниот американски претседател претходно се изјасни за невин по обвинението од 37 точки за злоупотреба на доверливи документи.

Откако ја напушти судската зграда во Мајами, Трамп се упати кон аеродромот, но застана во познат ресторан пред да замине на својот лет.

Таму го пречекаа поддржувачи кои му пееја песна на прославата на неговиот 77 роденден, кој го слави на 14 јуни.