ХИБРИДНА САЛА,ЗА ХИБРИДЕН МИНИСТЕР И ВЛАДА?!
Пишува м-р Слободан ТОМИЌ
Без срце нема живот. Но, не и без љубов…
Срцето има свои причини кои разумот не ги знае, рекол Блез Паскал француски математичар, физичар и филозоф на религијата.
А, што вели Библијата за гордоста? Во 16: 18-19 ни вели: “Гордоста е пред пропаст, а горделивоста на духот пред паѓање. Подобро е да се понижи духот со понизните, отколку да се дели пленот со гордите“. Сатана беше исфрлен од небото поради неговата гордост (Исаија 14:12-15).
Воведов заради човекот кој сиот свој живот, енергија, љубов, а пред се патриотизам кон својот пациент и народ – проф.д-р Сашко Јовев, кардиохирург и Македонец. Ја прослави својата Македонија не само дома, туку и во светот.
Доктор на медицински науки и доктор на многу други дициплини во хирургијата, а тоа се многу, многу напорни години посветени на науката, медицината и на пациентите кои денес со неизмерна љубов, почит и поклон застануваат пред својот хуманист, лекар и чувар на нивното здравје, пред се срце, наспроти “анонимус” од човек за кого никој досега не слушнал, а сака тивко и нечесно да влезе и да стане “легенда” – актуелниот министер за здравство кој преку ноќ, или во темнина влезе и седна на “нејзиното височество” фотељата во министерството за здравство како нејзин прв човек. Срам и нехуманост, зачинети со бескрупула и без дигнитет.
Но, ајде да продолжам околу трагикомедијата што ни ја приреди човекот за кого никој никогаш ништо не слушнал, а се покажа како што народот го нарекол “џелатот” на хуманоста или “аџи пишман Меџити“, како пак го нарекол поранешниот министер за здравство Беким Сали, во врска со случајот на разрешувањето на проф.д-р Сашко Јовев.
Поранешниот министер меѓу другото рекол: “Денес го отпушта професорот, зашто мислел дека тој му правел штета на здравството, па дури со својот претседател (на лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари. н.з.) споделил ‘вознемирувачки информации’ за директорот на Кардиохрирургија, за веќе утре да сака да го земе за свој советник, зашто сега мисли дека е тоа ‘добро за Министерството за здравство’?!
Со “Аџи Пишман“ Фатмир Меџити, коментира поранешниот министер Беким Сали, кој од функцијата замина пред повеќе од три месеци, откако неговата партија Алтернатива мораше да замине од Владата, бидејќи премиерот реши наместо со партијата на Африм Гаши владина коалиција да доградува со партијата на Арбен Таравари, Алијанса за Албанците, од чии редови е Меџити.
Да биде дрскоста уште поголема, неврологот Меџити, сега актуелен министар за здравство, по специјалност е лекар специјалист по неврологија. Еве што вели неговата, пак, биографија: Меџити по професија е специјалист-невролог во ЈЗУ УК за неврологија Скопје, каде работи од 2011 година. Меџити доаѓа на местото на Беким Сали, кадар на Алтернатива. Специјализирал неврологија на Медицинскиот факултет во Скопје во 2015 година. Претходно работел како лекар по општа медицина во приватна пракса и во Општата болница “Ферид Мурат“ во Гостивар. Се здобил со лиценца за лекар од Лекарската комора на Македонија во 2000 година. Студирал и на Медицинскиот факултет во Сараево во 1993-1999 година. Во својата биографија како работно искуство навел и дека бил член и претседател на Управен одбор – Фонд за здравствено осигурување на Македонија (2017-2018); советник на министерот за здравство (2017).
Ајде сега да ја прочитаме биографијата на проф.д-р Сашко Јовев.
Проф.д-р Сашко Јовев е еден од водечките кардиохирурзи во земјава – оствари видни постигнувања во областа на кардиохирургијата и го водеше тимот што ги изврши двете трансплантации на срце во земјава. Тоа, како што вели, е круна на неговиот личен професионален ангажман, но и круна на македонското здравство. На Медицинскиот факултет дипломирал непосредно пред распадот на Југославија. Специјализација по општа хирургија завршил во Скопје, субспецијализација по торакална хирургија, исто така, на Медицинскиот факултет во Скопје, а субспецијализација по кардиохирургија, како и доусовршувања во областа на торакалната хирургија, на познати универзитетски клиники во Германија, Швајцарија, Израел, Бугарија итн. Магистрирал и докторирал на Медицинскиот факултет во Скопје, каде што станал редовен професор по хирургија и кардиохирургија. Учествувал на многу конгреси во Европа и во САД, а подолго време има работено и во земјите на Заливот. Омилени предмети му биле анатомијата, физиологијата, патологијата, патофизиологијата и се разбира хирургијата. Не паднал на испит, ниту, пак, квадрирал некоја година. Факултетот го завршил со просек 9,40 и тоа за пет години, за што вели дека било навистина брзо.
Е мој “аџи пишман Меџити“ како што те нарече твојот поранешен колега Беким Сали, медицината не е “салама” дипломатија или топ-тан политика спакувана во Пазар 3 коалиција!
Да бидат работите појасни, и попикантни додека Професорот Јовев, отвара хибридна операциона сала ,во рамки на кардиохирургија чија вредност изнесува 2,милиони евра обезбедени лично од доктор Јовев како донација од Советска банка, хибридниот министер “Аџи пишман Меџити,носи парадоксално и штетни одлуки за буџетот и министерството за здравство на Македонија.
Имено, Меџити одлучил граѓани од Косово да се лекуваат по исти цени како и македонските, вели „всушност не доаѓаат странци во Македонија“
Според хибридниот министер Министерството за здравство донело одлука за израмнување на цените на здравствените услуги во Македонија, како за државјаните на земјата така и за граѓаните од Косово и Албанија.
Целта е граѓаните на овие земји да се третираат еднакво за здравствените услуги и да плаќаат колку македонските државјани!
Ова,веќе е застрашувачки,и симптоматично,односно ваквата Одлука,на Меџити не е случајна, особено кога лидерот на неговата партија прв излезе со став,за промена и суспензија на тие 20% и албанскиот јазик стане втор државотворен јазик во Македонија,а со оваа се создава сомнеж и за официјализирање на ,, Тиранска платформа,или Големата Албанија?!
Едноставно, човек кога нема чувство на национална припадност , македонска со сласт и задоволство како од пушка во секој миг ќе го изговара ,,наметнато,,и гнасно име Северна..Дај, Боже да не сум во право,но однесувањето на многумина водат кон тоа.Да,и ова ме радува фактот дека конечно,се разбудил нервот на македонското,, отрезнување,,на сите Македонци по род и државјанство за спас на Македонија,од разодинување и разнебитување
Прашуваме,каде е хибридниот премиер Ковачевски,на оваа да даде одговор и поддршка за Проф.д-р Сашко Јовев,кој со својот труд ,професионалност и авторитет успеал да донесе два милиони евра за отварање на ваква референтна сала ,хибридна која ќе спаси илјадници пациенти во Македонија и регионот , односно донесе економски бенефит во министерството за здравство и буџетот во Македонија!
Но, од друга страна со ваквите одлуки актуелниот министер за здравство Меџити свесно прави „далавери и проневери“ ,или не дај Боже друго лошо за Македонија ,оценуваат експертите по економија и здравство и аналитичарите!
Наместо да имаме ,, поклонение,, пред аргументите на делата на доктор Сашко Јовев, ние имаме јавен линч и неоснована деградација на референтен и меѓународен признат кардиохирург со име и презиме Проф.д-р Сашко Јовев. En de, или Крај!
Очекувам,премиерот Димитар Ковачевски да даде одговор заедно со неговиот министер за здравство за вакавата Одлука за лекувањето на косоварите и Албаницте од соседна Албанија, со ист финансики третман како македонските пациенти! Дали, Ковачевски , ќе одговори како неговиот претходник Зоран Заев со лактот,,МАЛО СУТРА“ или ќе аминува како и до сега како што аминуваше пред Султанот од Мала Речица, пардон Зајас, Али Ахметим,односно Арбен Таравари?!
Медицината е човекољубие, пред се хуманост и престиж во знаење и дела, а најмногу и најсвето љубов и жртва кон пациентот. Дали ја разбра пораката на 9-те пациенти на кои проф.д-р Сашко Јовев им продложил и дарил нов живот заедно со хуманите родители на починатите донари?
До каде ви отиде (не) РАЗУМОТ?!
Затоа ви препорачувам најтопло и најсрдечно неколку совети и умни изреки:
Креирајте идеја! Направете го тоа ваш живот – размислете за тоа, сонувајте за тоа, живејте ја таа идеја! Дозволете му на вашиот мозок, мускулите, нервите, секој дел од вашето тело да бидат полни со таа идеја и оставете ги сите други идеи на мира. Тоа е патот до успехот.
Успехот е колку високо отскокнување кога ќе го допрете дното, простете со ваквиот став, вие веќе го сторивте тоа! Секогаш бидете свој, изразете се, имајте верба во себе, не одете наоколу барајќи успешна личност и не ја копирајте!
Цената на успехот е напорната работа, посветеноста на работата и одлучноста дека, без разлика дали победуваме или губиме, даваме максимум на задачата што е пред нас.
За да успеете, вашата желба за успех мора да биде поголема од стравот од неуспех!
Успехот не е некоја чудесна, неразбирлива божествена работа што само некои од нас можат да ја постигнат. Тоа е нешто што навистина постои, во сите нас. Многу е едноставно: “Јас го сакам тоа, и подготвен сум да умрам за тоа,“ – изјава на американски актер, филмски продуцент и поп рапер.
Бидејќи вашиот став за суспендирање на врвен експерт и докажан лекар со сите светски дипломи некореспондираше со интелектуалец, или вистински мкинстер за здравство кој треба да се радува и гордее на секој успех на секој вработен во здравството, од портирот во вашето министерство до врвот во медицинскиот еснаф и наука! За жал, ќе повторам, вашиот став доби звук на една болна суета, или реализација на наредба преку далечиниски управувач на вашиот шеф и налогодавач.
“Тајната на успехот во животот не е во тоа што човекот го прави тоа што го сака, туку во тоа што го прави!” – Винстон Черчил, од друга страна “Во оваа држава само успехот не се простува“,
рекол д-р Јовев.
На крајот ќе завршам со изреката на Александар Големиот кој меѓудругото рекол: “Ништо не е невозможно за оние кои имаат волја да се обидат!”
Обидот е едноставен, а тоа е веднаш да ја повелечете таа смешна и неиздржана одлука и побарајте прошка од пациентите на кои кога ја добивате вашата диплома се заколнавте во Хипократовата заклевта:
“Во часот кога стапувам меѓу членовите на лекарската професија, свечено се обврзувам дека својот живот го ставам во служба на хуманоста. Кон своите учители ќе ја зачувам должната благодарност и почит. Својата професија ќе ја извршувам совесно и достоинствено. Најголема грижа ќе ми биде здравјето на болниот. Ќе ги почитувам тајните на секој кој ќе ми се довери. Со сите свои сили ќе ја одржувам честа и племенитите традиции на лекарската професија. Моите колеги ќе ми бидат браќа. Во извршување на својата должност нема да имам никакви верски, национални, расни, политички или класни предрасуди. Апсолутно ќе го почитувам човековиот живот, од неговиот почеток до крајот. И под закана, нема да допуштам моето медицинско знаење да се искористи спротивно на законите на хуманоста. На ова се обврзувам свечено, слободно повикувајќи се на својата чест!”
Затоа, пред се, ако имате вистиснко срце, а пред се (не)РАЗУМ, сторете го тоа!
Изразените ставови во колумната се лични ставови на авторот, кои може, но не мора, да ги отсликуваат ставовите на редакцијата.