Најмалку 23 лица се повредени во делот на Херсонската област под руска контрола

Сподели со своите пријатели

Најмалку 23 лица се повредени како последица на поплавите во делот на украинската област Херсон под руска контрола, по уривањето на хидроелектричната брана Каховка, соопштија проруските власти.

Loading...

Според последните податоци, повредени се 23 лица кои страдаат од хипотермија и траума, 21 лице се хоспитализирани, соопшти медицинската служба, пренесува ТАСС.

Повеќе од 14.000 куќи во 15 населени места во делот на Херсонската област под контрола на Москва се поплавени по пукањето на хидроелектричната брана Каховка, соопштија регионалните проруски власти.

„Во моментов се поплавени повеќе од 14.000 куќи во 15 населени места во областа Херсон. Под вода се и територијата на Националниот природен парк Долни Днепар, пет гробишта, сточарски гробишта, болница и градинка“, соопшти службата за итна помош.

Се наведува и дека евакуацијата на населението продолжува, а евакуирани се вкупно 4.280 лица, меѓу кои повеќе од 170 деца и 42 лица со намалена подвижност.

Руските и украинските власти меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на хидроелектричната брана Каховка, што доведе до поплави кои раселеа илјадници луѓе и оставија стотици илјади без нормален пристап до вода за пиење.

Киев тврди дека руските сили извршиле воено злосторство и одвнатре ја кревале во воздух хидроелектричната брана Каховка, која Москва ја ставила под своја контрола на почетокот на нападот врз Украина, а според тврдењата на Кремљ, украинските сили извршиле ракетен напад врз хидроцентрала на 6 јуни, јавува Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...