Украинската армија објави фотографија од воздух: „Ова е Херсон денес“

Сподели со своите пријатели

Украинското Министерство за одбрана објави фотографија за која тврди дека го прикажува градот Херсон еден ден по поплавата предизвикана од уништувањето на браната во хидроцентралата Нова Каховка.

Loading...

„Ова е Херсон денес. Русите се обидоа со се што можеа да го освојат овој град. Испратија војска, го гранатираа, го поплавија. Не успеаја во ништо. Ќе продолжи. И во Херсон и на други места во Украина“, соопшти украинското Министерство за одбрана.

Да потсетиме дека Херсон е единствениот главен град на украинскиот регион што Русите го окупираа на почетокот на инвазијата, а потоа се повлекоа од него под притисок на напредувањето на украинските сили кои на крајот го ослободија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија испрати над 100 дронови над Украина ноќва

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.