Значително зголемување на борбите во Украина во последните 48 часа

Сподели со своите пријатели

Британското Министерство за одбрана извести за значително зголемување на борбите на бројни фронтови сектори во Украина во последните 48 часа.

„Ова ги вклучува оние боишта кои беа релативно тивки неколку месеци“, се вели во секојдневното известување на Твитер за војната во Украина.

Во соопштението не се дадени детали ниту проценува дали борбите се поврзани со очекуваната украинска контраофанзива против руските сили кои окупираа големи делови од земјата.

„Спорот меѓу Вагнер и руската армија достигна невидено ниво“

Министерството, исто така, објави дека спорот меѓу руските платеници „Вагнер“ и руската војска достигнал „невидени нивоа“.

„За прв пат, сопственикот на Вагнер, Евгениј Пригожин, тврдеше дека армијата намерно употребила смртоносна сила против единиците на Вагнер. По расправија, Вагнер наводно го приведе командантот на бригадата на руската армија“, се вели во соопштението.

Локалните руски власти во руската област Белгород денеска соопштија дека е гранатиран округот Шебекино.

Во пораките на социјалните мрежи, жителите беа предупредени да се засолнат во подруми.

Регионот Белгород, кој се граничи со Украина, неколку пати беше цел на напади во последните неколку недели.

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.