Зеленски: Нашата иднина е во ЕУ, Украина е подготвена да влезе во НАТО

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина Володимир Зеленски за време на денешната посета на Молдавија изјави дека Украина е подготвена да биде во НАТО и дека Киев чека блокот да биде подготвен да ја прими неговата земја.

Loading...

Тој, исто така, ја повтори желбата на Украина да се приклучи на Европската унија, објави Ројтерс.

„Ние ја поддржуваме Молдавија и нејзиниот народ да се интегрираат во ЕУ. Ги поддржавте нашите луѓе, нашите бегалци кои избегаа во првите денови од војната и тоа никогаш нема да го заборавиме“, рече Зеленски во присуство на молдавската претседателка Маја Санду, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин повторно го посети Курск: Русите тврдат дека регионот е повторно под нивна контрола

„Нашата иднина е во ЕУ. Украина е подготвена да влезе во НАТО“, рече Зеленски.

Самитот на европската политичка заедница чиј домаќин е Молдавија се одржува на околу 20 километри од границата со Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.