Киев повторно во страв од руски ракетни напади

Сподели со своите пријатели

Воените власти во главниот град на Украина, Киев, известија за зголемена закана од руски ракетни напади во петокот во раните утрински часови и соопштија дека воздушната одбрана работи.

Loading...

Русите извршија стотици ракетни напади врз цели низ Украина од октомври минатата година, настојувајќи да уништат критична инфраструктура и други цели.

Во последните неколку недели, Украина соопшти дека ги оневозможила повеќето проектили.

„Зголемена опасност од проектили! Во регионот работи противвоздушната одбрана“, објави Киевската регионална воена управа во порака на Телеграм.

Засега нема детали за евентуалната штета.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски го обвини словачкиот премиер Фицо дека сака да му помогне на Путин