Пригожин: Вагнер ќе го напушти Бахмут до 1 јуни

Сподели со своите пријатели

Руската паравоена група „Вагнер“ соопшти дека нејзините сили ќе се повлечат од Бахмут, град во источна Украина, од 25 мај до 1 јуни, а потоа ќе ги предадат своите позиции на редовната руска армија.

„Поставени се одбранбени линии во западната периферија (на Бахмут). Така, групата Вагнер ќе го напушти градот меѓу 25 мај и 1 јуни“, изјави лидерот на таа паравоена група, Евгениј Пригожин.

Тој во саботата рече дека неговите војници го зазеле Бахмут и дека ќе ја предадат контролата на руската армија на 25 мај.

„Операцијата за заземање на Бахмут траеше 224 дена… Тука беше само Вагнер и немаше редовни трупи на руската армија“, рече во саботата Пригожин, кој е во отворен конфликт со воената хиерархија во Москва.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пожар во зоолошка градина во Русија: Страдаа 28 крокодили и една желка (ВИДЕО)

Украинските власти не ја потврдија загубата на Бахмут.

Украинскиот заменик министер за одбрана Hана Маљар во саботата изјави дека „украинските бранители продолжуваат да контролираат одредени индустриски објекти и инфраструктура и станбени згради, иако ситуацијата е критична“.

Двете страни претрпеа големи загуби во Бахмут, град со околу 70.000 жители пред руската офанзива, кој сега е главно уништен.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.