Украина по оштетување на Патриот во Киев: Ги блокиравме веб-камерите во градот

Сподели со своите пријатели

Суспилне, јавна украинска телевизија, објави дека Службата за безбедност на Украина (СБУ) идентификувала шест жители на Киев кои за време на рускиот ракетен напад врз главниот град „ја снимиле работата на украинската воздушна одбрана и објавиле фотографии и видеа на социјалните мрежи“.

СБУ објави и дека ја блокирале работата на веб-камерите кои автоматски објавуваат снимки од Киев во реално време на интернет, а кои исто така снимиле и објавувале фотографии од ПВО во акција.

Значаен тајминг на одлуката на SBU

Интересно е што оваа одлука на СБУ доаѓа откако Украина вчера објави дека ги пресретнала и ги соборила сите 18 руски ракети и беспилотни летала кои беа истрелани во воздушен напад врз главниот град, меѓу кои, според украинската армија, имало шест хиперсонични ракети од типот Кинжал, а потоа се покажа дека американскиот ракетен систем за противвоздушна одбрана Патриот бил оштетен во руски ракетен напад.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.