Лавров: Америка во одреден момент може да го напушти раководството во Киев

Сподели со своите пријатели

Кризата во Украина може да заврши со напуштање на САД од сегашното раководство на Киев кога тоа веќе нема да биде потребно, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Loading...

– САД го напуштија авганистанското раководство, на кое се потпираа за време на 20-годишната окупација на таа земја… Се надевам дека современите политичари обрнуваат внимание на историјата и на она што се случува со хегемонот кој сака да се наметне на сите – рече Лавров во интервју за телевизија Царград.

На новинарско прашање дали ова може да биде крај на украинската криза, Лавров одговори: „Не исклучувам“.

– Политиколози пишуваат многу за тоа. Тие предвидуваат дека сето тоа ќе продолжи се додека им треба на Американците. Тие луѓе ќе бидат на власт се додека им требаат – објасни тој.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.