Полска: Не е време за мир, Украина не собира оружје за да преговара

Сподели со своите пријатели

Преговорите за постигнување мир во Украина, пред планираната контраофанзива на Киев, се предвремени, изјави за радио станицата RMF Марчин Пжидач, претставник на полскиот претседател задолжен за меѓународни прашања.

Loading...

„Во оваа фаза, мировните разговори би биле предвремени“, рече тој.

Според Пшидач, „Русија не е подготвена за каков било мирен пристап“, додека Украина „не собира оружје и гранати за тоа (преговори)“.

„Додека едната или другата страна не преземе офанзива или контраофанзива, тешко е да се зборува за подготвеноста на овие две страни (за мировни преговори)“, изјави полски претставник, пренесува Спутник.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина тврди дека нападнала аеродром во руската област Краснодар и предизвикала пожар