Британското Министерство за одбрана објави редовно дневно соопштение во врска со ситуацијата во Украина.
Денеска се фокусираа на умерените украински успеси во и околу Бахмут, за кои многу се зборуваше последните денови.
„Во текот на изминатите четири дена, делови од руската 72. одделна моторизирана бригада (72. SMRB) најверојатно хаотично се повлекоа од своите позиции на јужното крило на операцијата Бахмут. Украинските сили вратија најмалку еден километар територија“, пишуваат Британците.
Областа има одредено тактичко значење бидејќи беше руски мост на западната страна на каналот Донец – Донбас, додаваат тие.
Руската 72-та посебна моторизирана бригада е дел од Третиот армиски корпус, формација создадена минатата есен, која од првиот ден има проблеми со моралот на единиците.
Во контекст на овој корпус, често се зборува за ограничена борбена ефикасност.
„Нивното распоредување во толку тежок и оперативно важен сектор го истакнува сериозниот недостаток на достојни воени единици меѓу Русите“, заклучуваат Британците.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.